8 женски квалитети кои мажите ги ценат повеќе од изгледот

Изгледот за мажите е важен, но не и пресуден кога станува збор за вистинската љубов.Во продолжение, погледнете кои квалитети тие ги ценат повеќе од изгледот. 
Искрена љубезност
Не само кон него, туку и кон другите луѓе. Искрената љубезност е квалитет на кој никој не може да одолее.
Приземност
Мажите сакаат жени кои не сметаат дека се “над” другите, кои стојат цврсто на земјата и ги третираат сите околу нив со почит.
Грижливост
Мажите сакаат жени кои покажуваат интерес за нивните проблеми или дилеми. Кога се болни, тие сакаат некој да се грижи за нив, дури и ако станува збор за најмала настинка.
Одлучност 
Од една страна мажите се плашат од самоуверени жени, но од друга страна сакаат нивната партнерка да биде одлучна. Таквото однесување укажува на зрелост и способност за преземање на иницијатива во моменти кога тоа е потребно.
Смисла за хумор
Во вистинските моменти треба да се биде сериозен, но исто така секогаш постои време за шега. Веселата и позитивна жена со смисла за хумор секогаш го привлекува машкото внимание. 
Независност
Жената мора да има свој живот. Во моментот кога целиот нејзин свет се врти околу партнерот, таа беспотребно се занемарува себеси. Токму затоа една дама не смее да ја отфрли својата независност.
Емоционална интелигенција
Способноста за изразување и контролирање на сопствените емоции и правилно и вистинско реагирање на туѓите емоции се некои од знаците на емоционалната интелигенција која мажите крајно ја ценат.
Лојалност
Токму како и жените, мажите исто така сакаат лојалност. Чувството дека може да му верувате на партнерот и да се потпрете на него е бесценето.Во продолжение, погледнете кои квалитети тие ги ценат повеќе од изгледот. 
Искрена љубезност

Пронајдете не на следниве мрежи: