8 видови депилација на бикини зоната и сè што треба да знаете за нив

ШТО Е ДЕПИЛАЦИЈА НА БИКИНИ ЗОНАТА?
Ако отстраните само дел од срамните влакна, тогаш станува збор за депилација на бикини зоната. Ако целосно ги отстраните влакната од интимните делови, тогаш станува збор за бразилска депилација.
ЗОШТО ЖЕНИТЕ СЕ ДЕПИЛИРААТ?
Некои жени го прават ова за самодоверба, а некои заради удобноста. За разлика од бричењето, депилацијата не мора да ја повторувате многу често. Резултатите од еден третман можат да траат со недели, па ова многу ги поедноставува работите.


ВИДОВИ ДЕПИЛАЦИЈА НА БИКИНИ ЗОНАТА
Можеби мислите дека има само два вида депилација на интимните делови – бикини и бразилска. Но всушност постојат 8 различни видови, а во некои салони дури и повеќе.
1. Класична депилација на бикини зоната
Со оваа депилација се отстранува навистина мал дел од срамните влакна. Најчесто се отстрануваат влакната кои се видливи околу вашите бикини.


2. Целосна бразилска депилација
Целосната бразилска депилација вклучува отстранување на сите срамни влакна од интимната зона – напред, назад и од страните. Бидејќи има тешко достапни места за депилирање, можно е вашата козметичарка да ве тера да се превртувате и да стоите во чудни положби.


3. Мини бразилска депилација
Ако ви е страв да ги отстраните сите влакна, можете да направите мини бразилска депилација. Во овој случај се отстрануваат влакната само од предниот дел на телото, а оние „невидливите“, козметичарките не ги допираат. Многу жени се ослободуваат од влакната на нивните тела. Без разлика дали станува збор за влакна на лицето, нозете, пазувите или интимните делови, тие чувствуваат повеќе самодоверба без нив. Иако имањето влакна е сосема природно, денес е нормално да ги бричите или депилирате. Ако се одлучите за депилација, можете да одбирате помеѓу неколку опции.
4. Бразилска плус депилација


Многу жени имаат влакна до нивните папоци. Ако сте загрижени за овие влакна, можете да побарате бразилска плус депилација. Овде спаѓа отстранување на влакната од целата интимна зона и влакната на стомакот.
5. Јужна бразилска депилација
Кога веќе сте на депилација, можете да ги средите и нозете. Ова се нарекува јужна бразилска депилација и се отстрануваат сите влакна од бикини зоната надолу.
6. Бразилска депилација на целото тело
Наместо да ги отстраните влакната само од интимната зона, можете да ги отстраните влакната од целото тело. Многу салони го нудат ова по одлична цена, а тука спаѓа депилација на раце, нозе, стомак, грб и интимни делови.
7. Депилација на задник


Ако ве загрижуваат влакната на вашиот задник, можете да се ослободите и од нив. Со оваа депилација се отстрануваат влакната околу аналниот отвор.
8. Целосна депилација на задник
Со оваа депилација целосно се отстрануваат влакната од задникот, како и оние околу аналниот отвор. Овој вид депилација е најмалку болен од сите на листава.
ПРИДОБИВКИ ОД ДЕПИЛАЦИЈАТА НА БИКИНИ ЗОНАТА


Додека депилацијата боли многу повеќе од бричењето, постојат многу придобивки од неа. Како прво, подолго време сте ослободени од влакната. Исто така, нема потреба да се справувате со кожа воспалена од бричење, како и со посекотини од жилет.
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ПРВАТА ДЕПИЛАЦИЈА НА БИКИНИ ЗОНАТА?
Како што веќе знаете, оваа депилација може да биде навистина болна. Најважното нешто што треба да го направите е да ѝ кажете на козметичарката дека ви е првпат. Исто така, немојте да се срамите и да мислите дека вашата вагина изгледа чудно. Козметичарките виделе безброј вагини и сè додека одржувате правилна хигиена, никој нема да го забележи изгледот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.