8 работи што (не) треба да ги правите за време на Денот на вљубените

Ретроградното движење на Меркур ќе започне на 17 февруари, а ваквите движења предизвикуваат проблеми и збрки во сферите од животот со коишто управува Меркур. Тука спаѓаат комуникацијата, транспортот, технолошките уреди, распоредот и рационалното размислување. Ваквите проблеми вклучуваат праќање порака на погрешна личност, пропуштен состанок поради гужва во сообраќајот, појавување на погрешно место или проблеми со вашите апликации за состанување.
Очигледно е дека овој транзит предизвикува проблеми кога станува збор за јасната комуникација и за правењето планови со вашиот партнер. Но, доаѓа и Денот на вљубените, па постојат многу мерки за претпазливост што можете да ги преземете за да избегнете некои од вообичаените стапици. Прочитајте ги советите на астролозите за да знаете што треба и што не треба да правите за Денот на вљубените и за време на ретроградниот Меркур.
1. Анализирајте ја и преиспитајте ја вашата врска
Ретроградните движења не постојат за да ви го уништат животот. Тие постојат за да ве натераат да забавите и да го разгледате патот па кој сте тргнати за да бидете сигурни дека се движите во вистинската насока. Или ќе да бидете сигурни дека ја трошите вашата енергија на вистинската личност или ќе продолжите понатаму.


2. Не избрзувајте со нова романтична афера
Не брзајте и одвојте доволно време за да ги запознаете и да ги разберете другите луѓе. Планетите имаат тенденција да ја замаглуваат вистината, па треба да бидете сигурни дека не проектирате идеализирана верзија на вистината во вашата реалност поради некои избрзани одлуки.
3. Бидете директни и јасни во вашата комуникација
Заобиколувањето и метафорите може да звучат романтично, но не се добра идеја за време на ретроградниот Меркур. Во овој период може да се случат некои недоразбирања, па не заборавајте да кажете отворено што мислите додека разговарате со своите најблиски. Бидете директни. Ако добиете чудна порака од вашиот партнер, побарајте појаснување пред да се вознемирите.
4. Не ги ставајте потенцијалните партнери на пиедестал
Риби, знакот во кој Меркур ќе започне со своето ретроградно движење, има тенденција да живее во фантазија. Ако премногу се потпирате на ваквата енергија за време на ретроградното движење, може да останете измамени и со скршено срце. Не правете идоли од луѓето и ако нешто ви изгледа премногу добро за да биде вистинито, отворете ги очите. Не дозволувајте да бидете занесени од бран емоции предизвикани од бонбони и цвеќиња.
5. Одржувајте ги границите во љубовта
Одржувањето на вашите граници во љубовта е задолжително за време на овој период. Време е да погледнете објективно на тоа што е помеѓу вас и на вистината за безусловната љубов. Направете чекор назад за да бидете сигурни дека ја заштитувате вистината и дека не ја трошите залудно својата енергија за некој друг.
6. Не очекувајте дека ќе стигнете навреме
Ретроградните периоди се познати по тоа што го изместуваат вашиот распоред. Без разлика дали одите на прв состанок со потенцијален партнер, на средба со стар пријател или на состанок со долгогодишниот партнер, одвојте доволно време бидејќи големи се шансите да не стигнете навреме.
7. Потпрете се на вашата интелигенција и објавете ги своите чувства
Планетата Меркур владее со вашето рационално размислување, но веројатно ќе се чувствувате збунето сè додека да започне нејзиното ретроградно движење. Пишувањето е секогаш препорачливо за време на ретроградниот Меркур, а вашата мисловна енергија ќе биде посилна од вообичаеното. Користењето на вашиот интелект за да се усогласите со вистинските потреби на вашето срце може да биде најдобрата стратегија и чекор напред во сите видови односи.
8. Бидете внимателни со поранешните партнери
Ретроградните движења имаат тенденција да ги натераат луѓето да ги анализираат врските од минатото. Во овој период, големи се шансите дека некој поранешен партнер ќе сака да ви се врати. Пред да го пречекате со раширени раце, одвојте малку време и простор за да размислите дали вреди да му дадете втора шанса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.