„8 Септември“ нема слободни кревети, најмногу нови пациенти со Ковид-19 примени од Струмица

„8 Септември“ нема слободни кревети, најмногу нови пациенти со Ковид-19 примени од Струмица.

Скоро до последен кревет е исполнета ГОБ „8ми септември“.

 

-До 14:00 часот болничките кревети ќе бидат целосно исполнети. Нема повеќе место. Од утринава примив безброј телефонски повици за да хоспитализираме болни од ковид, но еве велам дека сè пополнето. Најмногу пациенти, освен од Скопје, се примени од Струмица и тоа станува збор за исклучително тешки случаи. А, ГОБ „8 Септември“ мора да функционира со сиот свој капацитет, и технички и кадровски, за пациенти кои не се заразени со коронавирусот, појаснува директорот на болницата Христијан Костов.

Епидемиолозите предупредија дека ако се преполнат болничките капацитети ќе има целосен колапс на здравствениот систем и стравуваат дека може да заличина на Италија, која беше првиот европски епицентар на корона вирусот, кога по болничките ходници умираа луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.