80 милиони прегледи: Тргнала да мести завеси, па направила епска грешка – видеото е хит

Епска грешка на една жена стана вирален хит на социјалните мрежи, а видеото е прегледано речиси 80 милиони пати.
Тиктокерката Амариљас Алаја Мар објавила видео на кое се гледа како една жена се обидува да стави корниза за завеси. Во еден момент се одлучила да се качи на канта полна со боја, а неколку секунди подоцна капакот на кантата попуштил под притисокот на нејзината тежина.

Жената паднала со нозете во кантата, а белата боја завршила на подот, ѕидовите, но и врз неа и врз жената која ѝ помагала.

Снимката стана хит на социјалните мрежи, а ја лајкнале дури 6,4 милиони луѓе.
„Импресиониран сум, никогаш не сум видел некој толку брзо да ги бојадиса ѕидовите. Но, и прозорците, завесите, подот и пријателката“, се пошегувал еден Тиктокер.
„Морав повторно да го изгледам видеото бидејќи не ми беше јасно од каде дојде бојата“, „Нѝ треба втор дел да видиме како успеала да се извлече од кантата“, гласат другите коментари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.