800,000 жртви како последица од коронавирусот ширум светот

Бројот на луѓе кои починале како резултат на коронавирус во светот, денес ја надмина бројката од 800.000, според веб-страницата „Worldometers“.

Вкупно повеќе од 23 милиони луѓе се заразени со новиот вирус ковид-19 во светот.

Соединетите Американски Држави (САД) имаат најмногу заразени и починати луѓе ширум светот. Во оваа земја, повеќе од 179,000 луѓе го загубија животот поради вирусот од почетокот на пандемијата, додека скоро 6 милиони луѓе се позитивни за овој вирус.

На неславниот список на земји по број на починати, Бразил го зазема местото зад САД. Според најновите податоци, повеќе од 113.000 граѓани починале од вирусот во оваа земја. Заразени се повеќе од 3 и пол милиони луѓе.

На трето место во однос на бројот на заразени, но и бројот на загинати, е Индија, каде скоро 3 милиони луѓе се позитивни на коронавирусот. Од почетокот на пандемијата, животот го загубија скоро 56,000 луѓе.

По нив следат Русија (16.118 мртви и 946.976 заразени) и Јужна Африка (12.843 мртви и 603.338 позитивни вирусот).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.