Хуманата страна на Никол Кидман се гледа и во малите нешта

Актерката Никол Кидман, на снимањето на нејзиниот најнов филм Grace of Monaco, се скара со пордуцентите.

 

Имено, таа им замери на одговорните за снимањето на филмот бидејќи околу 200 статисти во мајици по кратки ракави се смрзнуваа на ладното време на сетот на отворено. 

 

Извор директно од сетот изјави: “Луѓето се смрзнуваа со саати, па таа реши да го прекине снимањето и побара да се организира шатор за статистите во кој ќе се стоплат.”

 

Потоа, Никол сама купи топла облека и кебиња и нарача храна за сите 200 статисти.

 

Во филмот, австалиската актерка ја глуми принцезата од Монако – Грејс Кели.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: