Деветгодишно девојче му испрати писмо на возачот кој ја парализираше

Чили Васкез од Тексас неодамна беше прегазена од страна на пијан возач кој ја парализираше и поради тоа беше осуден на 10 години казна затвор.

Во писмото таа му напишала:
''Се сеќаваш ли на 9ти јули, денот кога ми го промени животот?…''
Животот на девојчето Чили Васкез (9) од Тексас, во потполност се промени во 2011 година кога на улица ја прегази автомобил управуван од пијан возач кој ја парализираше од градите надолу.
Минатата година, на судењето на возачот, Чили по своите родители му испрати писмо во кое му се обратила. Емотивната исповест на девојчето е насловена ''Од една од твоите жртви…''
Сеќавајки се на тој кобен ден, девојчето напишало дека единственото нешто кое го памети е дека тој ден тргнала со својата сестра на фризер. 
После 7 дена кои ги нема во меморијата на Чили, наредното нешто на кое таа се сеќава е дека се разбудила во болница и докторите и објасниле како таа нема да може повеќе да оди. 

Таа секојдневно оди на терапии и зрачења и беспрекинато плаче. Во текот на терапијата таа се навикнала на промените во животот, како во поглед на начинот на живеење така и во начинот на кој таа треба да се грижи за себе. 
 
Чили Васкез е во основно училиште, талентирана е за математика и има освоено многу награди на државно и меѓународно ниво. Таа сака да стане доктор кога ќе порасне, но истакнува дека се што сака во моментов е да може повторно да оди.
Мајката на девојчето вели дека е пресреќна единствено затоа што Чили преживеала.
Иако е навистина тешко да го гледате своето дете во таква ситуација, сепак мајката се надева дека со текот на препорачаните операции таа повторно ќе може да прооди.Чили Васкез од Тексас неодамна беше прегазена од страна на п

Пронајдете не на следниве мрежи: