Дачиќ: Никој нема да ни го врати Косово ако се откажеме од ЕУ

Српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави во неделата дека на Србија никој нема да ѝ го врати Косово, доколку се откаже до Европската унија, истакнувајќи дека би било погрешно Белград да ги напушти започнатите преговори со Приштина.

„Сигурно е дека никој од нас нема да го продаде Косово и нема да ја предаде Србија“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ, реагирајќи на неделниот повик на српскиот патријарх Иринеј, Србија да се откаже од Европската унија, доколку услов за членство е признавањето на Косово. Оцени дека актуелната српска власт успеала да го врати Белград на преаговарачката маса.
„Некои велат немојте да влезете во ЕУ, ќе го дадете Косово. Ние можеме да кажеме дека не сакаме во ЕУ, а дали некој ќе ни го врати Косово“, запраша Дачиќ. Предупреди дека Србија не е во ситуација „да го држи Косово, па да не го дава“.
„Тие ни го грабнаа, во прашање е како можеме да сочуваме нешто од тоа“, изјави српскиот премиер, коментирајќи го апелот на поглаварот на српската православна црква, Иринеј, Србија да не влегува во ЕУ по секоја цена, доколку ЕУ бара признавање на независноста на Косово. Дачиќ одговори и дека нему никој не треба да му зборува што се национални и државни интереси.
Коментирајќи го повикот на патријархот Иринеј политичкиот врв на Србија да оствари што поблиски врски со Русија, Дачиќ истакна дека односите со Руската Федерација се приоритет и дека „Русија е најголемиот пријател на Србија“, но и додаде дека тие односи допрва треба да се изградат и јакнат, како и дека Србија треба да ја искористи силата што ја имаат рускиот претседател и премиер.
Дачиќ истовремено потсети дека претходно „која на Србија ѝ беше најтешко“, тогашното руското раководство немало разбирања за проблемите на Србија.
Српскиот патријарх Иринеј претходно во неделата во Белград на поменот на српските жртви од војните во 1990-те рече дека „Србија ја почитува Европа и сака да биде со неа, но не по цена да се откажува од својата света земја Косово“.
„Ако сакаат да нѐ примат во тоа семејство на Западот, нека нѐ примат вакви какви што сме. Но, ако треба да се одрекнеме, им благодариме на поканата, че останеме да го живееме својот живот, тежок и макотрпен, со кој живеевме 500 години“, изјави патријархот Иринеј на поменот на којшто покрај другите високи државни функционери присуствуваше и премиерот Ивица Дачиќ

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: