Трактори го блокираа Брисел

Стотици произведувачи на млеко од неколку земји во Европската унија во понеделник со трактори го блокираа Шумановиот плоштад во Брисел, за да протестираат против ниските цени на млечните производи.

Произведувачите на млеко од Белгија, Холандија, Германија и Франција во рамките на акцијата „1000 трактори“ го затворија приодот кон европските институции, а за попладне планираат возење низ центарот на градот.
Бриселските градски власти ги предупредија граѓаните денеска да не користат автомобили, бидејќи сообраќајот ќе биде отежнат поради протестите.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: