Потресна приказна: Го продал своето за да би се погрижил за друго напуштено дете

Ки Шил пред 27 години во јавен тоалет пронашол напуштено бебе заболено од церебрална парализа. Немајќи срце да го остави, тој го земал и одгледал како свое. Но, како последица и жртва на беспомошното бебе тој бил приморан да едно од своите три деца го продаде, за да би бил во финансиска можност  да го издржи новиот член во семејството.

Сигурно многумина и се имаат навикнато на приказните прозилезени од Кина, во кои родителите ги продаваат своите деца или се откажуваат од нив поради одлуката на Владата недозволувајќи им повеќе од едно дете.

Како надополнување на веќе започнатата вест, сега 72 годишниот Кинез немајќи срце да го остави напуштеното бебе пронајдено пред 27 години, кое денес е прекрасна девојка која нажалост ја нема можноста да се движи, но сепак ја има целосната родителска љубов, бил приморан за некои на сосема неоправдана, но, за некои и за целонсо оправдана постапка, продавајќи едно од своите сопствени деца.

За што всушност се работи?  – Шил кој живее во руралниот дел на Кина, имајќи пет деца од кои две веќе го загубиле својот живот, и знаејќи дека со новиот член во семејството не би можел да го прехрани своето семејство, навидум сите останеле изненадени на неговата неочекувана постапка при која го продал едно од своите здрави деца, но не и Хија Јан, девојчето со кое судбината си поиграла на немилосрден начин.

“Бев приморан да го направам тоа, судбината и така веќе си поигра со Хија Јан. Таа веќе беше оставена. Зарем мислите дека некој би посвоил или купил болно детенце кое не би можело да оди”, изјавува за тамошните медиуми сега веќе 72 годишниот Шил.

За тоа колку многу овој човек се трудел за малечката Хија Јан говори и фактот, да секое утро неможејќи да и купи количка, на својот грб го носел девојчето во соседното училиште.

Денес Хија Јан е прекрасна девојка, која иако неможе да оди, е вешта во готвењето, притоа грижејќи се колку толку и за своите родители, кои безрезервно му го спасија животот на ова девојче пред 27 години, жртвувајќи го најдрагоценото нешто што би можело секој родител да го направи, своето дете.

Извор: Telegraf

Пронајдете не на следниве мрежи: