Просечната нето плата во Србија во октомври изнесувала 41.558 динари (околу 370 евра), што е за 3,2 отсто номинално повеќе во однос на септември, а реално платата била зголемена за 0,4 отсто.
Во однос на истиот месец лани, просечната нето плата се зголемила за 8,9 отсто, но реално таа е помала за 3,5 отсто.
Просечната бруто плата во октомври во Србија изнесувала 57.733 динари (515 евра).
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: