Човекот кој фрли јајце кон автомобилот на Груевски ќе се брани од слобода

Судот во Тирана го пушти да се брани од слобода човекот кој фрли со јајце кон автомобилот во кој се возеше премиерот Никола Груевски за време на посетата во Тирана, јавува албанскиот портал Балкан веб.

Станува збор за Таулан Цапа кој изјавил дека тоа го направил поради, како што рекол негирање на правата на Албанците во Македонија.
Во петокот првично беше јавено дека неколку радикални лица фрлиле со јајце и пластично шише по колоната во која во петок низ улиците на Тирана се движеше автомобилот на премиерот Никола Груевски, кој се наоѓа во официјална посета на Албанија.
Според медиумите, најверојатно станува збор за припадници на црвено-црната Алијанса, кои неодамна правеа провокации на македонското малцинство во Албанија. Одередени медиумите во Тирана наведуваат дека Цапа е дебарчанец, односно дека потекнува од Македонија

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: