Спортскиот директор на Спартак Москва, Валериј Карпин, ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, откако раководството на клубот, во неделата му врачи отказ на Шпанецот, Унаи Емери.
Емери е сменет еден час по катастрофалниот пораз (1:5) кој Спартак на домашен терен го забележа од градскиот ривал Динамо.
Карпин, беше тренер на Спартак во периодот од 2009-2012 година, а минатата сезона избори пласман во Лигата на шампиони.
Спартак, на табелата во руската Премиер лига, се наоѓа на шестото место, со 10 бодови помалку од лидерот ЦСКА.
Спартак е најуспешен и најпопуларен руски клуб со девет титули во државното првенство, кои се освоени во периодот помеѓу 1992 и 2001 година. Московљаните во последните 11 години имаат освоено само една титула, во 2003 година го освоија националниот Куп.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: