Злогласниот затвор за мажи „Esperanca“, кој се наоѓа во Салвадор претставува толку голема опасност, што дури и тамошните вработени полицајци се приморани постојано да бидат маскирани, притоа чувајќи 5.000 затвореници во целосно нехумани услови и простор кој би бил возможен да собере само 800 луѓе.
Овој затвор чиешто шпанско име во превод би значело “Надеж”, е една од казнените институции со најлошите услови во светски рамки гледано, со впечатливи фотографии на коишто освен таканаречениот пекол на Земјата, покрај стравот, гневот и безнадежноста не би биле во можност да видите ништо друго.
Сместен на еден од ридовите во преградието на главниот град Сан Салвадор затворот “Esperanca”, уште познат и под прекарот “Mariona”, првобитно бил наменет за искористување и сместување на 800 злостроници, но и покрај намената за помалку од 1.000 луѓе својата казна во овој затвор во моментот ја издзжуваат и повеќе од 4.700 затвореници.
Поради немањето на доволен простор како и кревети, дел од затворениците својот сон го пронаоѓаат во тесните загушливи меѓу простори под жиците на креветите, додека дел од нив спијат на нечистите подови од преполните ќелии, а оние кои се и подобро финансирани по цена од 35 долари, може да изнајмат кревет од некој друг осуденик.
До крајот на 1987 година политичките осуденици од „Esperanca“, биле сместувани во посебни простории или таканаречени затворски крила, при што мачењето и слично биле сосема редовни појави.
Но, денес тие денови се минато, бројот на затвореници во овој затвор секојдневно расте, како и зачестеноста на злоупотреба и злоставување од страна на претпоставените затворски чувари.
Затворот „Esperanca“ со години е на листата на организации кои се грижат за заштита на човековите права, притоа прогласувајќи и наведувајќи го како еден затвор кој сеуште го завзема високото прво место, за најопасната казнена институција.
Пронајдете не на следниве мрежи: