5-те најдобри реклами за пиво

Некои пива се “родени” да бидат ѕвезди на малите екрани и со тоа заслужиле место во нашите срца – како и во нашите ладилници – како резултат на смешни, мисловно провокативни, необични или едноставно незаборавни ТВ реклами. 

Добра реклама не е гаранција за добро пиво, но кога двете ќе се искомбинираат – знаете дека станува збор за првокласен пијалок. 

Испивме неколку кригли пиво и ги истраживме најдобрите реклами за пиво некогаш направени во светот. Беше тешко да се одлучиме, па кажете ни што мислите за изборот. 

Не чекајте, земете пиво во рака, седнете и погледнете ги 5те најдобри реклами за еден од најдобрите пијалоци во историјата. 

 

5. Stella Artois – Оваа компанија направи неколку досетливи реклами со музичката тема од филмот “Jean de Florette”. Оваа е можеби најдобрата од таа серија, и успева да направи цел краток филм околу “утешително скапото” пиво. 

 

4. Guinness – фантастична реклама, овој пат со одлични визуелни ефекти. Рекламата не навраќа неколку милениуми наназад со цел да покаже колку време се чекало некој да произведе толку добро пиво. Ова е една од најоригиналните реклами за пиво некогаш направени. Што се однесува до пивото, мотото на Guinness за оваа реклама е оправдано – добрите нешта доаѓаат за оние кои чекаат. 

 

3. Brahma – бразилската пиварница смислила иновативна реклама со одлично мото. Ако ви кажеме повеќе од ова можеби ќе претераме, па затоа погледнете сами. 

 

2. Bud Lite – Инспирирано од серијата “The Office”, ова е реклама која изгледа одлично. Забавувајте се пополнувајќи ги местата кои се цензурирани. 

 

1. Carlton Draught – Австралиската компанија ја има направено можеби најдобрата реклама за пиво, а воопшто и една од најдобрите реклами на сите времиња – без оглед на производот за кој се работи. Самата сложеност на снимањето на една ваква реклама ја прави рекламата за Carlton Draught заслужна за првото место на оваа листа. 

Пронајдете не на следниве мрежи: