Напаѓачот на екипата на Арсенал е среќен што би играл во тандем со Тиери Анри во нападот.
Легендата на Арсенал, 35-годишниот Тиери Анри, би можел повторно да се врати во Арсенал, а тренерот на оваа екипа Арсен Венгер, би имал голема корист од овој играч, со оглед на фактот што во текот на јануари ќе нема да може да смета на услугите на напаѓачите Жервињо и Шамах кои ќе настапуваат во Купот на Афричките нации.
„Би било одлично доколку играм во тандем со Анри. Не се сомневам во тоа дека со неговото враќање целиот тим би се подигнал на повисоко ниво“ изјави Жиру.
Пронајдете не на следниве мрежи: