Колку пати сте помислиле дека би било многу полесно да пратите некому брза СМС порака со добра тастатура при рака? Решението на тој проблем е тука.
На пазарот се појави лесно пренослива виртуелна тастатура од производителот “Brookstone”, а истата чини околу 99 долари. Можете да ја закачите како привезок за клучеви и да ја користите кога ќе посакате, затоа што таа е совршена за оние кои сакаат да пишуваат долги пораки од своите паметни телефони.
Оваа виртуелна тастатура се спојува и со лаптоп или таблет по пат на USB приклучок или bluetooth сензор. Уредот има батерија која се полни, а може да издржи околу 2 часа константна употреба, пренесува Mashable.
Нарачките се веќе започнати, а првите пратки ќе бидат веќе наредниот месец, пред крајот на оваа година.
Пронајдете не на следниве мрежи: