7-годишно девојче болно од леукемија добива “третмани” со марихуана од својата мајка

Седумгодишно девојче од Орегон кое болува од леукемија е една од најмладите кориснички на медицинска марихуана. На Mykayla Comstock и била дијагностицирана леукемија минатата пролет. Таа е под агресивни третмани на хемотерапија, поради што нејзината мајка секојдневно и дава таблети од марихуана со цел да се намалат последиците од хемотерапијата. 

На ден таа зема таблети кои имаат дејство колку 10 “џоинти”. Покрај таблетите, мајката му дава на детето и по еден грам масло од марихуана на ден. Фактот дека болеста е во фаза на ремисија, што значи дека коскената срж се опоравува, мајката тврди дека се должи токму на марихуаната. 

“Како мајка, ќе се обидам со се, само да и биде подобро.” – изјавила Erin Purchase (25), која за девојчето се грижи заедно со своето момче. 

Maykayla тврди дека од марихуаната подобро спие и јаде. 

“После хемотерапијата се чувствувам како да сакам да бидам будна цела ноќ. Лекот ми помага подобро да спијам, но се чувствувам чудно.” – вели таа. 

Нејзиниот татко, кој живее во северна Дакота, сепак е загрижен за влијанието на лекот на развојот на мозокот на девојчето. Тој разговарал со претставници од полицијата, социјалните служби, како и со разни онколози. Вели дека бил шокиран кога ја посетил во август. 

“Очигледно беше дека е под дејство на марихуана. Сакаше само да лежи и да игра видео-игри.” – вели таткото Jesse Comstock, кој редовно плаќа алиментација и трошоци за здравствено осигурување. 

Тој ја одвел Mykayla во приватна лабораторија, каде во крвта и била пронајдена состојката THC на ниво на просечен возрасен корисник. Мајката била испитувана од полицијата, а биле прегледани и сите медицински документи, по што на таткото му било кажано дека не може да стори ништо. 

“Сигурен сум дека ќе се опорави, но мислам дека таа марихуана ќе и го успори развојот на мозокот. Изборите на нејзината мајка ќе и ги намалат можностите во животот.” – смета Jesse. 

Пронајдете не на следниве мрежи: