На работ на базенот оваа роботска змија не делува посебно опасно, но откако беше пуштена во водата и “оживеа”, таа делува како да е навистина “среќна” што е во своето природно опкружување. Би можело да се каже и дека изгледа како главен лик во застрашувачка сцена од некој научнофантастичен филм.
Роботската змија на јапонската компанија “HiBot” се движи низ водата со благи движења, па воопшто не е тешко да ја замислите во “Терминатор” или некој сличен филм, каде таа се прикрадува до своите непријатели и брзо и прецизно ги убива. Но, Јапонцијата и замислија многу подобра иднина. Роботксата змија, која тие ја развиваат веќе неколку години, на својата глава има безжична камера, а според нивната замисла, таа е идеална за истражување и трагање во подводна околина.
Роботот со 9 модули е долг 1.75 метри и тежок околу 8 килограми, а покрај камерата, Јапонците би можеле да вградат и други сензори.
Пронајдете не на следниве мрежи: