Македонскиот ракометен шампион Металург, во сабота, ќе го одигра натпреварот од седмото коло во Лигата на шампиони.
Противник на Металург ќе биде екипата на Шамбери, која е последно пласирана во Ц групата, без ниту една победа во одиграните шест натпревари.
Од редовите на Металург преку соопштение информираа дека мечот ќе започне во 16 часот, а не како што првично беше предвидено во 18 часот.
Во пресрет на натпреварот, Металург ќе одржи и прес конференција, која е закажана за во четврток, со почеток во 12 часот во салата „Борис Трајковски“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: