Кога на својата Facebook страница ќе ставите фотографија од некоја забава на која сте потпивнати или кого сос своите FB пријатели ставате простотии на вашиот или на туѓ профил, тоа може да ви донесе повеќе штети отколку забава, особено ако постовите ги видат родителите или надредените.
Истражувањето од кое резултатите се објавени во понеделникот, а ги спровел Економскиот факултет од Единбург, Шкотска, покажува дека сите компромитирачки постови или фотографии кои самите ги објавуваме може да дојдат на сметката за многу корисници на Facebook, особено кога се јавуваат на конкурси за вработување.
Имајќи предвид дека профилите на околу 70 отсто од корисниците може да ги видат пријателите на пријателите, не треба да изгледа чудно доколку вашите компромитирачки фотографии или такви постови ги прочитаат и оние на коишто воопшто не сте сметале, вели авторот на истражувањето, Бен Мардер, професор на Економскиот факултет од Единбург.
Додава дека лицата коишто користат Facebook, во просек, се поврзани со уште седум различни социјални мрежи, што ја зголемува можноста од непосакувани „љубопитници“.
И покрај понудената можност за ограничување на бројот на оние коишто може да го видат вашиот профил, тоа го користат само третина од корисниците на мрежата, вели Мардер.