Усвоена резолуција против глорификација на нацизмот

Генералното собрание на Обединетите нации (ГС ОН), на иницијатива на Русија,  усвои резолуција против глорификација на нацизмот, јави руската новинска агенција РИА Новости.

Резолуцијата за недозволивост на одредени врсти на пракса кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетрпеливост, ја усвои Третиот комитет на ГС ОН, кој е задолжен за социјална, хумани и културни прашања.
Во документот, меѓу останатото, се изразува сериозна загриженост за зголемениот тренд на екстремистички движења и  политички партии кои пропагираат расизам, етноцентризам и ксенофобија и кои се занимаваат со ширење на идеологијата на фашизам и расна надмоќ.
Со резолуцијата се осудува славењето на нацистичкото движење, отворање на споменици, како и одржување на јавни демонстрации со фалење на нацистичкото минато и неонацизмот.
Како што пренесе руската агенција, за резолуцијата гласале 120 држави, против биле три-САД, Канада и Маршалските острови, а 57 држави се воздржале при гласањето.
„Делегацијата на Русија е убедена дека со усвојувањето на оваа резолуција со максимална поддршка на државите-членки ќе биде даден реален придонес во искоренувањето на нацизмот, расната дискриминација, ксенофобија и нетрпеливост“, изјави рускиот претставник Василиј Небезња.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: