Психолозите постојатно измислуваат секакви нови методи за да бидат чекор пред конкуренцијата, но кинеската психотерапевтска клиника навистина отиде еден чекор пред сите – ако по ништо друго, тогаш барем по бизарноста на терапијата.
Мнозинството од луѓето би го сфатиле лежењето во затворен мртовечки ковчег како извонредно трауматично искуство, но со тоа не се сложуваат докторите во Шенјанг, Кина. Тие за лечење на своите пациенти го користат токму овој метод.
Преку 1000 пациенти до сега се “преродени” со симулирање на смрт со помош на психолозите кои сметаат дека ова е идеален начин за човек да се препороди и да се излечи од депресија и други слични проблеми.
Терапијата изгледа вака: личноста влегува во мала соба, ги запишува своите последни зборови и легнува во ковчег, а потоа се покрива. За ситуацијата да биде уште пореалистична, “мртовецот” може да слуша и морничава музика која свири во собата. По 5 минути, се емитуваат звуци од бебиња кои плачат за да се разбие оваа атмосфера, а психијатарот го отвора ковчегот додека во позадина почнува да свири весела музика.
Ова повторно раѓање наводно им помага на луѓето да почнат различно да гледаат на животот.
“Во последните 35 години се обидувам да го пронајдам значењето на животот во парите и моќта. Сега веќе не посакувам куќа, туку дом.” – вели Хуанг, менаџер на средни години кој четири пати се обидел да се самоубие, но бил сопрен од семејството или колегите.
По овој третман, Хуанг дал отказ и се посветил на бројни хуманитарни акции за да помогне на оние кои имале помалку среќа од него.
“Оваа терапија е во прилог на психолошката теорија на сугестија, но не е наменета за секој. Ние бираме кого ќе изложиме на вакво искуство.” – вели Танг, кој е еден од советниците на оваа клиника.
Пронајдете не на следниве мрежи: