Видео: Змија повратила цела крава!

Со сите неверојатни нешта со кои се соочуваме на интернет секој ден, сите тие чудесни и бизарни информации кои постојано ги конзумираме, потполно сме убедени дека веќе ништо не може да не изненади…  се додека не се појави нешто што до сега не сме го виделе, па остануваме вчудоневидени до тој степен да не можеме да си веруваме на сопствените очи. 
Погледнете ја оваа видео снимка на која анаконда повраќа крава (да, добро прочитавте, цела крава!), која претходно ја изела, но не успеала да ја дигестира. 
Бизарната случка се одвивала во Бразил, во прашумите на Амазон, но не успеавме да дознаеме како змијата дошла до кравата – дали сама ја фатила, или пак и била дадена како плен од луѓе кои сакале да ја снимат змијата додека таа се храни. 
Оваа снимка не е невозможен феномен, не е коза со човечко лице или нешто слично на тоа, но дефинитивно е видео снимка кој прикажува колку природата е спектакуларно сурова. 

Пронајдете не на следниве мрежи: