Германија веќе мириса на Божиќ – на колачиња, цимет, ванила, бадеми и карамелизирани лешници. Германија веќе влегува во празничната мирна фаза, фаза на спокој и подароци, време во кое се избегнуваат тешките теми на разговор.
Германците, според организаторите, и оваа година, без оглед на финансиската криза, достојно ќе го прослават Божиќ. Во Германија традиционално се пие греено вино, се јадат колбаси и слатки со сосови од ванила и овошни преливи. Познавачите на виното велат дека грееното вино не се пие кога надвор е топло.
Во Франкфурт, банкарскиот центар на Германија, минатата година поминале околу 3 милиони луѓе, за околу 200.000 помалку отколку претходната година. Како причина за ова Германците ја наведуваат благата зима, односно отсуството на вистинска празнична атмосфера. Почетокот на прославите и оваа година е одбележан со високи температури. Во Келн оваа недела беа најавени ноќни температури од 4 до 7 степени според скалата на Целзиус.
Погледнете уште неколку магични сцени од празничната атмосфера во Германија.
Пронајдете не на следниве мрежи: