Бијонсе, која е позната по тоа што сака да го скрие својот приватен живот од јавноста, конечно реши да попушти пред своите обожаватели и да сними филм за својот живот. Интимниот докумнетарен филм ќе даде увид во приватниот живот на дивата, нејзиниот сопруг Џеј Зи и нивната мала ќерка Блу Ајви.
Тој ќе ја доживее својата премиера на 66 фебруари 2013та година на ХБО, а режисер е самата пејачка. Филмот ќе се сконцентрира на нејзината улога како мајка, на животот со Џеј Зи и нивната ќерка, на тоа што се помина Бијонсе по породувањето како и на тоа зошто се одлучи да му даде отказ на својот татко Метју Ноулс, кој беше нејзин менаџер од почетокот на нејзината кариера. Партнерите за снимање на својот албум, Бијонсе ги бараше уште од крајот на летото, а голем дел од снимките на филмот се направени од нејзиниот лап топ!
Милиони обожаватели го чекаат овој филм кој ќе биде мешавина од видеа од нејзиниот приватен живот и нејзините неверојатни сценски, јавни настапи.
Пронајдете не на следниве мрежи: