Тајра Бенкс – The Catwoman

Loading...

Познатата манекенка на својо Twitter профил не ја пропушти приликата да ги објави фотографиите кои ги направи за време на снимањето на азискиото списание West East, притоа позирајќи во заводлив кожен костим прилепен за нејзиното витко тело.

Иако неодамна не заборави да ја истакне својата љубов кон калоричната храна сепак на 38 годишната Тајра многумина би можеле да и подзавидат, со оглед на заносната фигурна која оваа манекенка ја одржува благодарение со макотрпната работа и постојано вежбање.

Позирајќи во необични модни комбинации, навидум како жена мачка со големи нокти налик на канџи притоа  држејќи чаша со пијалок,  и заведувајќи со заносното деколте, Тајра и повеќе од доволно го истакна она нешто по коешто сите ја препознаваат.

Како додаток во направениот едиторијал Тајра својот изглед го надпоолни позирајќи во стилот на Лејди Гага, со неовообичаени високи потпетици од Alexander McQueen.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: 24sata

loading...