КПР тргнува по Анелка и Доусон

Новиот менаџер на Квинс Парк Ренџерс, Хари Реднап ја разгледува можноста, во јануарскиот преоден рок, на позајмица да го донесе Николас Анелка од Шангај Шенхуа.

Новиот менаџер на КПР, 65-годишниот Реднап, за преодниот рок во јануари од сопствениците ќе побара сума од 10 милиони евра, која ќе ја потроши на нови засилувања.
Реднап ќе мора да го реши проблемот во нападот, бидејќи поради повреди надвор од екипата се Боби Замора и Енди Џонсон, единствен здрав напаѓач во тимот е Џибрил Сисе.
Анелка би можел да пристигне на позајмица бидејќи сезоната во кинеската лига е завршена. Поранешниот француски репрезентативец има важечки договор со Шангај, но негова желба е да се врати во Европа, самиот смета дека заминувањето во Кина било грешка.
Покрај Анелка, во плановите на реднап се наоѓа и дефанзивецот на Тотенхем Мајкл Доусон, кој во летниот преоден рок се поврзуваше со трансфер во КПР.
Хари Реднап ќе има тешка задача да избори опстанок со екипата која по 13 првенствени рунди сеуште нема победа и со само четири бода се наоѓа на последното место на табелата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: