Фудбалерот од средниот ред на Интер, Естебан Камбијасо бара од Интер и Снајдер да ги надминат своите разлики.
На Весли Снајдер му беше кажано дека тој нема да игра за Интер додека не прифати намалување на платата, која според неговиот договор изнесува 6 милиони евра по сезона.
“Сите се надеваме дека ситуацијата со Снајдер ќе биде решена набрзо. Се работи за нешто што Снајдер и клубот мораат да го решат самите, но мораат да го решат брзо.” – коментира Камбијасо.
Снајдер повторно е подготвен за игра, но и покрај тоа, тој не настапи против Парма – каде Интер загуби со 1-0.
“Отсекогаш било тешко да се добијат бодови на Енио Тардини. Сепак, сеуште држиме чекор со лидерите. Интер оваа година е тим кој мора да се бори за првото место. Некогаш се игра добро, некогаш лошо – тоа е фудбалот.” – вели Аргентинецот.
Интер сега го дели третото место на табелата, а се наоѓа на 4 бодови зад лидерот Јувентус.
Пронајдете не на следниве мрежи: