Авиокомпанијата Lufthansa a Delta се соочува со милионска тужба поради нетраснпортирањето на 200 kg тешката Американка, која според авиопревозниците била во состојба во која никој не би можел да и излезе во пресрет само поради немањето соодветни услови за нејзин безбеден превоз.
Девет дена по неуспешниот транспорт Вилма Солтез (56) без соодветната терапија која и била неопходна починала на еден од аеродромите во Мадагаскар. Оваа жена се соочувала со прекумерна тежина од 200 kg и големи зравствени проблеми.
Имено своето патување го започнала на 17 септември, патување кое требало да заврши на 15 октомври со враќањето во нејзиниот роден крај, каде би можела да продолжи со својата терапија. Терапија неопходна за нејзиното тешко заболување од дијабетес и оштетени бубрези.
Сопругот на сега веќе починатата Солтез, истакнува дека на денот на нивното полетување биле замолени да го напуштат авионот, а како наведена причина им била немањето на соодветен појас со кој би се врзала претешката Вилма, за време на полетувањето.
Како опција им понудиле да ја сместат во задниот дел на авионот, но сепак од авиокомпанијата и таа опција ја отфрлиле, поради наводните недозволени прописи.
По напуштањето на авионот Солтез и нејзиниот сопруг биле упатени кон Прага, со оглед на наводниот факт дека таму би требало да има авион кој би излегол во пресрет за невообичаената ситуација, но за жал и од таму биле соочени со одбивање поради слични причини.
Од Прага несреќната жена била упатена на еден од авионите на авиопревозникот Lufthansa, но поради немањето можности како би ја преместиле претешката жена, Солтез и нејзиниот сопруг повторно се вратиле во Мадагаскар, каде притоа Вилма ја одбивала тамошната лекарска помош со образложение дека никој не ја познава нејзината здравствена состојба.
Два дена потоа Вилма починала, при што и нејзиниот погреб е извршен во истоименото место, Мадагаскар.
Од авиокомпанијата Lufthansa a Delta во своето соопштение истакнуваат дека ги направиле сите неопходни мерки кои им излегле во пресрет, како и можности, но дека прекумерната тежина на Американката била надвор од прописите со што ја немале можноста за нејзина мобилност и пренесување.
Извор: Telegraf
Пронајдете не на следниве мрежи: