7 Кратки и корисни совети за подобар секс

Еве неколку идеи како да го подобрите вашиот сексуален живот.

 

Светло – Искористете го светлото и направете романтична атмосфера. Затемнете го просторот, доколку тоа не е возможно изгаснете го и на една столна ламба префрлете  некоја марама која ќе направи полн ефект.

Етерични масла –  Купете масла со мирис на ванила и полевајте ги полека врз  вашиот сакан. Тоа ќе ве опушти а миризбата е вистински афродизијак

Бадеми, ореви, лешници – Веќе знаеме дека се добар афродизијак кој предизвикува побрза ерекција и добри се за предиграта, наредете ги на грбот на вашиот партнер и полека со усните земајте дел по дел.

Вино – Малку алкохол сигурно ќе ве опушти. Не претерувајте за да не дојдете до несакан ефект. Ви препорачуваме црвено вино.

Долна облека –Долната облека е визуелен ефект, доколку е таа секси може да импровизирате стриптиз кој неверојатно многу ги возбудува машките. Облечете нешто несекојдневно на пример некој корсет, подвезици или пак прозирна наметка.

Коцки мраз – Ја менуваат температурата на телото, а со тоа возбудата расте. Земете неколку коцки мраз и играјте си по вашите тела, измислете некои секси игри.

Свеќи – Со свеќите секогаш може да постигнете атмосфера, наредете ги свеќите  на некои повисоки места или пак околу креветот,самиот пламен ги возбудува и иницира нашите сетила.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: