Неполни 24 часа по објавувањето и потврдувањето на веста од страна на Светлана Цеца Ражнатовиќ, за спектакуларниот концерт кој го најави за 28 Јуни на Ушче, во Белград, се огласи и контраверзната Јелена Карлеуша на својот Facebook притоа најавувајќи го и својот концерт на 15 јуни на истоименото место со нагласување дека тоа ќе биде настан кој не бил досега виден на Балканот.
Во едно од неодамна ексклузивните дадени интервјуа за српските медиуми Цеца нагласи дека со сигурност е закажан веќе објавениот и потврден концерт и дека посакува да направи вистински спектакл за нејзините верни фанови.
Како мало потсетување последниот настап на Светлана Цеца Ражнатовиќ на Ушче во 2006 година беше проследен со повеќе од 100.000 посетители.
Од друга страна Јелена Карлеуша која пред неколку дена го имаше својот и не така славен настап во Виена, пред публика помала и од дваесетина луѓе, сепак одлучи да и се спротистави на својата ривалка.
До сега најголемиот свој концерт во Србија, Јелена Карлеуша го одржа на 15 мај, 2012 година во Комбак Арената, настап проследен од околу 10.000 обожаватели.
Извор: Telegraf
Пронајдете не на следниве мрежи: