Средба Обама – Борисов на 3-ти декември

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на 3-ти декември во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, јави Бгнес, повикувајќи се на соопштение од Белата Куќа.

Како главна тема на разговорите се посочува бугарското учество во мисијата на НАТО во Авганистан, а се очекува да стане збор и за истрагата за антиизраелскиот самоубиствен напад на  аеродромот во Бургас на 18 јули, како и реформите во однос на владеењето на правото и судството.
Во Авганистан Бугарија има 614 војници, инструктори и медицински лица во силите ИСАФ, но земјата се подготвува да ги повлече своите сили во согласност со распоредот за повлекување на Алијансата. На крајот на 2012 година од таму ќе бидат повлечени 10 лекари, а 257-те војници, кои во моментов служат на аеродромот во Кабул, ќе се повлекуваат во почетокот на 2013 година. Останатите 347 кои се одговорни за безбедноста на аеродромот во Кандахар, последни ќе се вратат во Бугарија.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: