Против Македонија ќе се бориме за пласман во втората рунда

Најдобрата шведска ракометарка, Изабел Гулден, смета дека Шведска и Македонија меѓусебе ќе решат која репрезентација ќе го освои третото место во Б групата на Европското првенство.

Според неа првите две позиции се резервирани за Франција и Данска, па Шведска шансата за пласман во втората рунда ќе ја бара на мечот со Македонија.
„Против Франција е секогаш тешко да се игра на големите натпреварувања, против Данска нашите шанси се 50-50. Мислам дека натпреварот против Македонија, која ќе има голема помош од публиката во Ниш, ќе треба да се добие, доколку сакаме во втората рунда“, изјави вo интервјуто за ’ehf-euro.com’ плејмејкерот на Шведска, Гулден.
Ракометарката на данскиот Виборг, признава дека не е сигурна колкави се можностите на шведската репрезентација.
„Оваа група е многу тешка. Досега во репрезентацијата не сме разговарале до каде би можеле да стигнеме да првенството, но би требало да ја минеме прелиминарната група“, рече 23-годишната Гулден, која во кариерата за Шведска има одиграно 102 натпревари и постигнато 307 погодоци.

Шведска и Македонија, во рамките на Б групата, ќе се сретнат во второто коло на 6. декември во 18:15 часот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: