Тренерот на екипата на Милан во пресрет на мечот со Катанија е загрижен поради дефанзивната линија.
Масимилијано Алегри има голем проблем да го состави тимот за наредниот дуел кој Милан ќе го игра на Сицилија против Катанија во петок, со оглед дека ситуацијата во дефанзивната линија е премногу лоша.
Победата против Јувентус остави зад себе и негативни последици со оглед на тоа дека Филип Мексес се здоби со повреда на коленото, а Марио Јепес доби жолт картон и поради тоа нема да може да настапи на претстојниот натпревар.
Даниеле Бонера исто така ќе отсуствува долго поради повреда.
Пронајдете не на следниве мрежи: