Кројф: На Барса не и треба Нејмар

Легендарниот холанѓанец изјавува дека Барселона е најсилна токму во нападот и дека нема потреба да го доведе Нејмар во своите редови.

Кројф за каталонско радио изјави дека Нејмар не би ја поправил играта на Барселона на некое повисоко ниво, напротив, тој вели дека Нејмар воопшто не му е потребен на овој тим.

„Тој е одличен играч, нема тука никакви дилеми, но на Барселона на таа позиција не и се потребни засилувања, тоа е најдобриот дел од тимот“ вели Кројф.

„Зошто да го засилувате тимот онаму каде што е најдобар? Екипата постигнува многу голови, не знам што би можел Нејмар да донесе во тимот, ако ме прашувате мене дали бразилецот е потребен во тимот, секако дека не е“ беше изјавата на холанѓанецот.

Пронајдете не на следниве мрежи: