Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави дека сè што ќе се случува по прашањето на Косово ќе биде болно за Србија.
„Ние нема да го лажеме народот. Ако некој мисли дека било што во врска со Косово ќе биде лесно, тој живее во облаци“, рече Вучиќ, пренесува државната телевизија на Србија.
Тој како пример за болните и тешки работи со кои ќе се соочи Србија го наведе Договорот за интегрирано управување со граничните премини.
„Многу од тоа што е важно за Србија ќе се случува во следните две недели. Наше е да се обидеме да извлечеме најмногу што можеме за нашата земја и народ, а да не загубиме најмалку што мораме. Тоа е, како би рекол, најдобра дефиниција за нашата работа“, рече Вучиќ.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: