Роналдо: Добро би се вклопил со Меси

Роналдо вели дека не би имал проблеми да заигра со Лионел Меси, ако аргентинецот дојде во Реал Мадрид.

Португалецот само ја повтори изјавата на аргентинецот пред извесно време околу наводното ривалство меѓу нив двајцата.

Кристиано Роналдо вели дека Меси не му е пријател.

„Никогаш не сме играле заедно, така се прават пријателствата во фудбалот, во иста соблекувална. Не сме пријатели, но професионално премногу го почитувам“ изјави Роналдо.

„Нема никакво ривалство, ова е тимски спорт. Тоа медиумите го продаваат како приказна и тоа го прават веќе добри пет години, не размислувам на тој начин“

На прашањето „како би се вклопил во игра со Меси“, Роналдо вели…

„Не би имал никакви проблеми, доколку дојде во Реал Мадрид би биле одличен тандем“ изјави Кристиано Роналдо.

Пронајдете не на следниве мрежи: