Солскјаер сака да го наследи Фергусон

Легендарниот „џокер“ на Манчестер Јунајтед сонува да стане тренер на овој клуб во кој како играч стекна светска слава.

Оле Гунар Солскјаер помина 15 години во Манчестер Јунајтед, како играч во првиот тим, и како тренер на резервниот тим.

Потоа Солскјаер се враќа во Норвешка, го презема кормилото во екипата на Молде во 2011-тата година и од тогаш па наваму освојува две последователни титули во норвешкиот шампионат.

„Можам да кажам дека не сум глупав, ниту наивен за да помислам дека сега можам да го водам Манчестер Јунајтед, секој поранешен играч на Манчестер Јунајтед си даваат надеж на себе дека еден ден ќе го водат клубот, исто како и секој фудбалер што има сон да заигра во тој клуб, за да се оствари тоа мора да се работи многу, и да се учи, да се стекне искуство, да се доживеат порази и победи“ изјави Солскјаер.

Пронајдете не на следниве мрежи: