Конте е лут на своите играчи

Антонио Конте не им замерува на фудбалерите поради поразот туку поради фактот што не ја покажаа играта што го карактеризира тимот на Јувентус.

Јувентус изгуби во дербито со Милан минимално со резултат 1-0, а веќе во италијанските медиуми се вели дека Конте уште наредниот ден им одржал лекција на сите фудбалери и ги потсетил како тие минатата сезона станале шампиони во италијанскиот шампионат, пред се поради поголемата волја од екипата на Милан.

„Конте на играчите им сврте внимание и им кажа дека противникот покажа повеќе желба за игра и успех“ велат извори на клубот од тренинг-центарот.

„Исто така, Квајарела ќе биде казнет поради реакцијата за замената, а изгледа дека ќе биде тргнат од списокот за играчи за мечот со Торино“ додаде изворот за италијанските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: