Шалке: Арсенал нема пари за Хунтелар

Се погласни се шпекулациите дека Арсен Венгер во јануарскиот трансфер-период ќе го доведе холанѓанецот Клас Јан Хунтелар во редовите на Арсенал.

Сепак, тимот на Шалке потенцира дека англискиот премиерлигаш нема доволно финансиски средства за да го реализира овој трансфер, и дека целата сторија е апсолутна невистина.

Последните неколку денови холандските медиуми пренесоа информација дека Клас Јан Хунтелар е премногу близу до реализирање на трансфер со клубот од Лондон.

Договорот на Хунтелар со Шалке истекува кон крајот на сезоната и се шпекулира дека напаѓачот веќе има какви-такви контакти со тимот на Арсенал, но, од германскиот клуб негираат.

„Тоа се невистинити шпекулации, нема понуди за Хунтелар и тој нема да си оди од клубот. Таквите шпекулации само му штетат на клубот, колку што се знае, тимот на Арсенал и нема доволно финансиски средства за да го реализира овој трансфер“ се вели во соопштението на Шалке.

Пронајдете не на следниве мрежи: