Арсенал сака по секоја цена да го задржи Вилшер во своите редови на долги години.
Иако младиот Џек Вилшер има актуелен договор со Арсенал кој истекува за две ипол години, раководството на овој тим не сака ништо да остави на случајот па се чини дека ќе му понуди нов договор во најскоро време.
На ова најмногу инсистира тренерот на Арсенал, французинот Арсен Венгер, кој во иднина во Вилшер гледа како капитен на овој тим, со оглед на фактот што тој своите фудбалски почетоци ги има токму во младинските погони на Арсенал.
20-годишниот Вилшер заработува 50 000 фунти неделно, а со новиот договор ќе биде предвидено да неделната плата му изнесува околу 90-100 000 фунти неделно.
Пронајдете не на следниве мрежи: