Кавани: Скудетото е реалност

Напаѓачот на екипата на Наполи, Едисон Кавани, верува дека освојувањето на Скудетото во Италијанската Серија „А“ лига е реалност, не е сон.

Екипата на Валтер Мацари се врати на втората позиција во Италијанската Серија „А“.

Овој исчекор му ја врати самодовербата на Едисон Кавани, кој вели дека освојувањето на титулата во ова првенство е реалност.

„Скудетото не е сон… Можно е да се престигне Јувентус, можам слободно да кажам дека јас и останатите играчи имаме цел за тоа секако“ изјави Кавани.

Кавани во оваа сезона постигна осум погодоци на единаесет настапи за екипата на Наполи.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.