Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, французинот Арсен Венгер за јавноста изјави дека „домаќински“ ќе работи и во иднина, и дека нема да прави непотребни трансфери во претстојниот зимски преоден-трансфер период.
Екипата на Арсенал договори и понатаму соработка со компанијата „Флај Емирејтс“ која во наредните пет години ќе им донесе на „Топџиите“ заработка од 150 милиони фунти.
Тоа значи дека Венгер ќе има по триесет милиони со кои ќе може да ги искористи за купување на играчи, но французинот нема намера да се расфрла со парите на непроценливи фудбалери.
„Парите кои поедини клубови ги бараат за деца ги преминува границите а да не зборувам за платите кои веќе се и нереални. Поради тоа се залагаме за финансиски фер-плеј а на нас е парите да ги потрошиме на вистински начин. Фактот што ни е дадена толкава сума на пари говори околу тоа дека до овој момент парите ги трошевме на вистински начин“ изјави Арсен Венгер.
Пронајдете не на следниве мрежи: