Галијани: Прво ќе се ослободиме од некои играчи, потоа ќе се „засилиме“

Потпретседателот на екипата на Милан, Адриано Галијани, изјави дека во наредниот период Милан ќе се обиде да го намали бројот на играчи во нивните редови а дури потоа ќе се обиде и да доведе некој фудбалер во своите редови.

На екипата на Милан и тргна, обезбеди пласман во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, а веќе го совлада и бранителот на титулата во Италијанскиот фудбалски шампионат, тимот на Јувентус.

Потпретседателот на Милан, Галијани, најави дека тимот ќе се обиде во наредниот перод да се ослободи од поедини фудбалери, па дури потоа ќе се размислува за засилување на тимот.

„Имаме 30, 32 играчи на платниот список во овој момент. Прво ќе се обидеме да продадеме дел од тие играчи, а дури потоа ќе размислуваме за засилување на тимот“ изјави Галијани.

Пронајдете не на следниве мрежи: