Рускиот премиерлигаш уште еднаш им даде на сите дознаење дека воопшто не е заинтересиран за услугите на холанѓанецот од редовите на екипата на Интер, Весли Снајдер.
Веќе и официјално се чини е дека Гус Хидинк нема да се засили со Снајдер во јануарскиот преоден-трансфер период откако тимот на Анжи испрати официјално соопштение до сите медиуми дека не планира да се засили со фудбалерот на Интер.
„Премногу се говори околу преселба на Снајдер во редовите на Анжи, дека наводно ние сме сакале да го ангажираме во сопствените редови. Мораме да ги разочараме сите оние кои веруваа во овие приказни и да соопштиме дека Снајдер не е на списокот играчи кои нас не интересираат“ изјави генералниот директор на Анжи, Ајваз Казиахмедов.
Пронајдете не на следниве мрежи: