Вујовиќ: Непрофесионализмот на Стоилов ми е голем проблем

Вардарци во реваншот против германскиот ракометен гигант Магдебург на домашен терен ќе играат со негатива од три голови разлика, но, Вардар има проблеми во сопствените редови, несогласувања меѓу Вујовиќ и Стоилов, и суспензијата на Вујовиќ поради црвениот картон на натпреварот во Германија.

Имено, тренерот на Вардар има големи несогласувања со ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов.

„Односот и непрофесионализмот на Стоилов ми се проблем од почетокот на сезоната и жал ми е што тој целата ситуација ја сведе на тоа дека јас сум го повикал на тепачка, овој проблем сеуште не сме го решиле, бидејќи претседателот Михајловски не беше тука, но шансите да игра против Магдебург во овој момент изнесуваат само 5%“ беше изјавата на Вујовиќ за „Вест“.

Извор/Изјава: „Вест“

Пронајдете не на следниве мрежи: