Според неофицијални информации до кои дојде „Пулс24“ германскиот бундеслигаш Мајнц е „загреан“ за потписот на најдобриот фудбалер од Првата Македонска Фудбалска лига Дејан Блажевски, кој моментално е член на Хоризонт Турново.
Неофицијалните информации говорат дека тимот на Мајнц ќе се вклучи во битката за потписот на 26-годишниот Дејан Блажевски уште во јануарскиот преоден трансфер-период, се очекува бројка од 500.000 евра да биде вметната како барање од Турновци.
Според „Трансфермаркет“, Дејан Блажевски најдобро котира на трансфер-пазарот, со вредност од 400.000 евра на истиот, по него следува неговиот колега од нападот Зоран Балдовалиев со вредност од 350.000 евра на трансфер-пазарот.
Инаку екипата на Мајнц веќе имаше соработка со тимот на Хоризонт Турново откако германскиот бундеслигаш во своите редови на позајмица го доведе Драган Георгиев, кој моментално е член на Вардар.
Пронајдете не на следниве мрежи: