Само неколку месеци по неверството на Кристен кое беше проследено од страна на сите светски медиуми, како и неочекуваното опростување на истото од страна на Патинсон, моментално најпознатиот холивудски пар е повторно главната мета на светската јавност.
Иако парот сеуште не ја има потврдено неофицијалната информација, според извори блиски на актерскиот холивудски пар, Кристен е бремена и посакува што е можно побрза венчавка, пред нејзиното породување.
Со оглед на сеуште големата несигурност од страна на Патинсон кон Кристен по нејзиното изневерување со еден од оженетите режисери, венчавката би била сеуште неизвесна и покрај веќе започнатото купување на бебешки неопходни работи од страна на дваесет и двегодишната актерка.
Извор: BLIC Online
Пронајдете не на следниве мрежи: